Селекторите Гоце Седлоски и Сергеј Барбарез ги открија почетните единаесетмина за вечерашниот пријателски натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Македонија, кој се игра на стадионот „Кошево“ во Сараево со почеток во 20:30 часот.
Македонскиот стратег Седлоски се реши за офанзивна формација во која нападот ќе го предводат Бојан Миовски и Растодер, а поддршка во предната линија ќе им биде Елиф Елмас. Најголемото освежување во националниот тим е вклучувањето на Јанкулов, кој доби шанса од првата минута и вечерва ќе го има својот дебитантски настап во националниот дрес.
На спротивната страна, Сергеј Барбарез изненади со изборот на фудбалери и реши на теренот да испрати состав без неколку клучни имиња. Првата ѕвезда на домашната селекција, Един Џеко, натпреварот ќе го започне од клупата за резерви. Босна и Херцеговина овој контролен дуел го стартува со Зломислиќ, Дедиќ, Радељиќ, Катиќ, Мујакиќ, Бајрактаревиќ, Тахировиќ, Гиговиќ, Баждар, Лукиќ и Алајбеговиќ.

