Европски првенства Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија

Македонија се пласираше на Европско првенство

Женската сениорска репрезентација на Македонија успеа да обезбеди пласман престојното Европско првенство, кое според календарот ќе се одигра од 3 до 20 декември оваа година во пет различни држави, а тоа се Чешка, Полска, Словачка, Турција и Романија.

Девојките предводени од селекторот Кристијан Грчевски и покрај денешниот пораз од Словенија (27-18), сепак обезбедија место како една од најдобро третопласирани селекции.

Ова ќе биде трето Европско првенство за нашата селекција, откако претходно бевме дел од ЕП 2022 и ЕП 2024.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести