Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија Светски првенства

Македонија против Исланд, Бахреин и опасните Јапонци на СП во Германија!

Македонската ракометна репрезентација немаше многу среќа на денешната ждрепка за Светското првенство кое следниот јануари ќе се одржи во Германија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се најдоа во групата Х, а своите натпревари ќе ги играат во Магдебург.

Иако од првиот шешир ја избегнавме апсолутната светска елита и го добивме Исланд, среќата ни сврте грб кај најслабо рангираните селекции. Од последниот шешир за противник ја добивме Јапонија, дефинитивно најквалитетниот тим од тој ранг, а друштво во групата ќе ни прави уште и селекцијата на Бахреин.

Реалните математики велат дека Бахреин е противник кој Македонија мора да го победи за да го завери пласманот во Топ 3 и да патува во следната фаза. Сепак, главната цел на Лазаров ќе биде да се откине бод или победа против Исланд и незгодните Јапонци, со цел да пренесеме бодови во главната рунда. Таму, трите најдобри од нашата група ќе се вкрстат со гигантите од групата Г, каде се сместени Данска, Словенија, САД и Ангола.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.