Ракомет Репрезентација на Македонија Светски првенства

Македонија преку Словачка денес брка нов мундијалски сон

Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево го започнува баражот против Словачка за пласман на Светското првенство. Првиот натпревар се игра во Прешов со почеток од 19:00 часот.

Избраниците на Кирил Лазаров ја имаат улогата на фаворити на овој квалификациски двомеч. Нашата селекција се бори за својот десетти јубилеен настап на Мундијалите во историјата. Од друга страна, Словаците досега учествувале на само два светски собири.

Македонија сака да го продолжи импресивниот континуитет на настапи на големите натпреварувања. Селекторот Лазаров во Прешов на располагање има 20 ракометари подготвени за битка. Целта е позитивен резултат пред реваншот во Скопје, кој се игра веќе во сабота. Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ исто така ќе започне во терминот од 19:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести