Возбудата кај македонските фудбалски фанови повторно се буди со новиот предизвик на македонската фудбалска репрезентација. Нашите најдобри фудбалери вечерва од 20:30 часот ќе истрчаат на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево, каде ги очекува пеколна атмосфера и преполни трибини против селекцијата на Босна и Херцеговина. Натпреварот има посебна тежина бидејќи домаќините се наоѓаат во еуфорија по историскиот пласман на Светското првенство.
Овој пријателски дуел е од огромно значење за новиот кормилар на националниот тим, Гоце Седлоски. Тој најави нов бран и освежување во ростерот, повикувајќи дури петмина дебитанти, за кои потврди дека сите до еден ќе добијат шанса да го покажат својот потенцијал пред стручниот штаб.
Поради повреда, надвор од комбинација е капитенот Енис Барди. Во негово отсуство, диригентската палка во средниот ред ја презема Елиф Елмас, додека честа да ја носи капитенската лента и да командува од голот ќе ја има искусниот Столе Димитриевски.
Седлоски за почетните 11 најверојатно ќе се потпре на проверени сили со формација: 1-5-3-2
Голман: Столе Димитриевски (Капитен)
Одбрана: Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Дарко Велковски, Езгјан Алиоски, Стефан Деспотовски
Среден ред: Елиф Елмас, Бобан Николов, Агон Елези
Напад: Бојан Миовски, Елмин Растодер

