Машката одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе пораз со 3:0 од селекцијата на Црна Гора на вториот пријателски меч во Подгорица. И покрај максималниот резултат за домаќинот, на теренот се водеше исклучително неизвесна битка во речиси сите сетови.
Црногорските одбојкари ги добија трите сета со 28:26, 25:20 и 31:29, покажувајќи поголема концентрација во клучните моменти од средбата. Двата тима одиграа динамичен натпревар со чести резултатски пресврти, во кој нијанси го одлучија конечниот победник на паркетот.
Македонскиот селектор Јошко Миленкоски и на овој дуел реши да им даде шанса за настап на сите расположливи одбојкари во составот. Нашата национална селекција утре го завршува престојот во Црна Гора и се враќа назад дома.

