Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од Били Џин Кинг Купот во Бања Лука. Овој пат нашите тенисерки беа поразени од Мароко со 3-0.
Во дуелот на прворангираните тенисерки, нашата Сара Митевска по 130 минути игра, загуби од Јасмине Кабај со 2-0 (6-3, 7-6) во сетови. Ана Митевска загуби од Диае Ел Жарди со идентични 2-0 (6-2, 6-1), а во натпреварот на двојки, нашите тенисерки Јана Божиновска и Зара Зафировска беа поразени со 2-0 во сетови од Салма Лудили и Чита Себер.
Овој пораз за нашата репрезентација значеше последно освоено место во Б групата и испаѓање од Втората Евро-африканска зона, па така нашата репрезентација наредната година ќе игра во Третата Европска зона.

