Други спортови Тенис

Македонија на стартот отвара против Египет на Били Џин Кинг Купот

Нашата женска тениска репрезентација утре го започнува својот настап на Били Џин Кинг Купот во Бања Лука. Во првото коло ќе отвориме против репрезентацијата на Египет, која важи за еден од фаворитите за освојување на првата позиција во групата. Во второто коло нашите репрезентативки ќе бидат слободни. Јана Божиновска, Сара Митевска, Ана Митевска и Зара Зафировска ќе ја претставуваат Македонија во Бања Лука.

Македонија се наоѓа во групата Б, заедно со нашиот прв противник Египет, Бугарија, Мароко и Јужна Африка.

Во групата А се наоѓаат Грција, Австрија, Кипар, Финска и домаќинот Босна и Херцеговина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести