Македонски фудбал Фудбал

Македонија ЃП и Работнички под силен притисок за трите бода

Македонија Ѓорче Петров и Работнички ја продолжуваат својата борба за „гол живот“ во првата македонска супер лига. Домаќините немаат премногу на што да се надеваат, освен на освојување на трите бода, со цел, да се приближат до бараж-зоната. Избраниците на Боби Божиновски во овој натпревар влегуваат во лоша форма каде на последните седум натпревари забележаа дури шест порази и еден нерешен дуел. Победата е императив за ѓорчепетровци.

Тимот од Градски парк игра променливо на последните неколку натпревари и токму сега имаат можност да фатат приклучот во битката за опстанокот. Работнички загуби на последниот меѓусебен натпревар кој се одигра пред месец и половина со високи 3-1.

Натпреварот започнува во 16:00 часот со пренос на МРТ3.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести