Европски првенства Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија

Македонија го декласира Луксембург и победнички тргна кон ЕП 2028

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа ги започна квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Избраниците на Кирил Лазаров го совладаа Луксембург со 41-23, во натпревар во кој уште од самиот почеток ја покажаа разликата во квалитет.

Македонија уште во првото полувреме направи двоцифрена предност, па на пауза замина со резултат 20-10. Одличен на голот беше Томовски, додека во нападот предничеа Петковски и Кузмановски. Во вториот дел Лазаров им даде можност за настап на сите ракометари, а нашата селекција без проблем ја задржа контролата и дополнително ја зголеми предноста. Најефикасен во македонскиот состав беше Костески со шест гола, додека Петковски и Серафимов постигнаа по пет. По четири погодоци запишаа Кузмановски и Марко Митев.

Македонија сега ја очекува значително потежок предизвик, гостувањето кај Грција во недела. Евентуалната победа на тој дуел би била голем чекор кон пласман на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.