Македонската женска тениска репрезентација од 6 до 11 април ќе настапи во Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот, кој ќе се одржи во Бања Лука. Нашата репрезентација ќе отпатува со подмладен состав, составен од Јана Божиновска, Сара Митевска, Ана Митевска и Зара Зафировска.
На списокот на репрезентативки не се најдоа Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска, кои во изминатите неколку години се предводнички на нашата репрезентација. Ѓорческа ќе отсуствува поради повреда.
На турнирот во Бања Лука ќе настапат десет репрезентации, седум од Европа и три од Африка. Учесници од Европа се Австрија, Бугарија, Кипар, Финска, Грција, Македонија, Норвешка и домаќинот Босна и Херцеговина, додека претставници од Африка ќе бидат Египет, Мароко и Јужна Африка.

