Меѓународен фудбал Фудбал

Мајсторијата на Семењо доволна за ФА куп трофејот на Сити!

Манчестер Сити стигна до нов трофеј во ФА Купот откако во големото финале го совлада Челзи со минимални 1:0. Човек на одлука беше Антоан Семењо, кој со вистинска мајсторија со петица го постигна единствениот погодок на овој натпревар. Избраниците на Пеп Гвардиола одиграа рутински и тактички паметно, правејќи го точно она што беше потребно за нов голем успех.

Иако самиот натпревар не понуди премногу возбудувања и шанси, победничкиот гол долго ќе се прераскажува на фудбалските платформи. Ова е веќе втор куп-трофеј за „граѓаните“ оваа сезона, со што уште еднаш ја потврдија својата апсолутна доминација.
Со овој болен пораз, лондонскиот клуб го испушти последниот воз за излез во Европа, претворајќи ја целата сезона во кошмар.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.