Меѓународен фудбал Фудбал

Мајкл Олисе со подвиг каков што ниту еден фудбалер досега нема остварено!

Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе зад себе има сезона од соништата во дресот на Баерн Минхен. Со дури 19 завршни асистенции, тој беше убедливо најдобриот асистент во Бундеслигата и даде клучен придонес во освојувањето на шампионската титула за баварскиот клуб.

Одличните партии на францускиот креативец продолжија и во Лигата на шампионите, каде што заврши на самиот врв меѓу организаторите на играта со шест асистенции. Сепак, вистинската кулминација следеше на Светското првенство. Во дресот на Франција забележа седум асистенции, со што го собори долгогодишниот рекорд на легендарниот Пеле за најмногу асистенции на еден мундијалски турнир.

Со овој учинок, Олисе стана првиот фудбалер во историјата кој во иста сезона бил најдобар асистент во домашното првенство, Лигата на шампионите и на Светското првенство. Иако Франција и Баерн не ги освоија сите турнири, тој со своите индивидуални настапи докажа дека во моментов важи за еден од најдобрите градители на играта во светот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.