Меѓународен фудбал Фудбал

Мајкл Керик: Рома е вистинскиот ривал за да ја свртиме сезоната!

Манчестер Јунајтед се наоѓа во длабока криза од девет последователни натпревари без победа, но менаџерот Мајкл Керик верува дека претстојниот дуел со Рома во Лигата на шампионите е совршена можност за пресврт. И покрај сè погласните шпекулации за негова смена, предводникот на „црвените ѓаволи“ тврди дека екипата е многу блиску до победнички ритам и дека мора брзо да премине од зборови на дела.

„Знам за што сме способни како екипа. Го покажавме тоа во одредени периоди и на мечот против Челси. Блиску сме, но мораме брзо да преминеме од зборови на дела. Оваа недела нè чекаат два одлични натпревари и ова е идеална можност со храбра игра да направиме успешни вечери. Притисокот од јавноста нема никакво влијание врз нашите подготовки, целосно сум фокусиран само на она што следи. Мора да пронајдеме излез од оваа ситуација и да ги материјализираме добрите работи што ги правиме на теренот“, истакна Керик.

Предводникот на Јунајтед се осврна и на кадровските проблеми во тимот, потврдувајќи дека Лук Шо дефинитивно отпаѓа од комбинација за настап, состојбата на Маркус Рашфорд се следи од ден на ден, додека за младиот Лени Јоро истакна дека одлично се справува со проблемите со тетивата и покажал вистински квалитет откако се вратил во тимот.

Пред англискиот гигант е исклучително тежок испит, бидејќи Рома оваа сезона игра одлично и важи за опасен ривал во транзиција, сегмент во кој одбраната на Јунајтед покажа сериозни пропусти. Веднаш по овој европски двобој, за Керик и неговите избраници следи уште еден тежок тест во Премиер лигата против Астон Вила, каде што повеќе немаат право на нов кикс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.