Меѓународен фудбал Фудбал

Мајкл Керик останува на клупата на Јунајтед и против Челзи

Мајкл Керик ќе го предводи Манчестер Јунајтед од клупата и на претстојното гостување против Челзи овој викенд, откако раководството одлучи да не брза со радикални промени пред дербито на „Стемфорд Бриџ“.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во катастрофална серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Британските медиуми веќе со недели известуваат за нарушената атмосфера во соблекувалната, лошите односи меѓу капитенот и менаџерот, но и за прашањето дали Керик веќе ја изгуби контролата врз тимот. Иако првичниот план беше да му се даде доверба до репрезентативната пауза во ноември, притисокот врз управата секојдневно расте.

Според информациите на Би-Би-Си, челниците на Манчестер Јунајтед веќе активно разгледуваат потенцијални замени. Како главни кандидати се споменуваат Еди Хау и Јулијан Нагелсман, додека желбата за ангажман на тренерот на Комо, Ческ Фабрегас, брзо беше отфрлена бидејќи таа опција воопшто не била реална.

Состојбата на табелата е алармантна за гигантот од „Олд Трафорд“. По осум одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се наоѓа на скромното 16. место со само седум освоени бода и само еден триумф од почетокот на сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.