Кошарка Меѓународна кошарка

Мајами не го дава Никола Јовиќ во замена за Клеј Томпсон

Иако Мајами Хит важи за најсериозен кандидат за доведување на искусниот шутер Клеј Томпсон од Далас Маверикс, реализацијата на оваа зделка нема да оди на штета на Никола Јовиќ. Тексашаните сакаат да извлечат максимум за Томпсон, кој влегува во последната година од договорот вредна 17,5 милиони долари, но управата на Мајами категорично одбива да го вклучи младиот српски репрезентативец во потенцијален трејд.

Јовиќ стана уште поважен за иднината на клубот откако Мајами во мега-трејдот за Јанис Адетокумбо испрати голем дел од младите кошаркари, меѓу кои Тајлер Хиро и Хаиме Хакез Џуниор. Србинот, кој пред себе има четиригодишен договор вреден 62,4 милиони долари, сега е една од ретките развојни опции во Флорида, па клубот нема намера лесно да се откаже од него.

Поради тоа, Мајами најверојатно ќе почека Далас да го откупи договорот на Томпсон за да го доведе како слободен агент. За искусниот кошаркар, кој изминатава сезона бележеше 11,7 поени по натпревар, интерес покажаа и Лејкерс и неговиот поранешен клуб Голден Стејт, но и тие ја чекаат истата разврска, Томпсон прво да стане слободен играч на пазарот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.