Кошарка Меѓународна кошарка

Мајами Хит размислува за трејд Никола Јовиќ!

Според инсајдерот Еван Сајдери, Мајами и Далас преговараат за размена во која главни ѕвезди се Никола Јовиќ и Клеј Томпсон. Ова во моментов е само почетна рамка за потенцијален трејд во кој се опипува пулсот на двете страни.

Челниците на Мајами покажуваат огромен интерес за доведување на четирикратниот НБА шампион Клеј Томпсон. Неговото искуство би донело одличен шут за три поени и дополнително би ја раширило противничката одбрана. Томпсон би играл покрај моќната центарска линија составена од Јанис Адетокумбо и Бам Адебајо. Легендарниот бек влегува во последната сезона од договорот во која ќе заработи 17,4 милиони долари.

Од друга страна, Далас со овој потег би направил значаен чекор во градењето на тимот за иднината. Тие во младиот Никола Јовиќ би добиле одличен соиграч за својата нова надеж Купер Флег. Српскиот кошаркар токму сега започнува четиригодишно продолжување на договорот вредно 62,4 милиони долари. Тоа на Маверикс им гарантира долгорочна контрола над неговиот развој сè до 2030 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.