Меѓународен фудбал Фудбал

Магијата на Меси е вечна, а годините само бројка… (ВИДЕО)

Лионел Меси продолжи да ги воодушевува љубителите на фудбалот ширум светот, режирајќи нов пресврт за Интер Мајами во победата од 2:1 над Њу Ингланд во рамките на МЛС лигата. Иако зад себе го има Светското првенство и емотивното простување од репрезентативниот дрес на Аргентина, страста и гладта за фудбал кај генијот од Росарио не се намалуваат ниту за момент.

Њу Ингланд прв стигна до предност преку Даниел Газдаг, но потоа на сцената стапи аргентинскиот ветеран. Прво, Меси со прецизно проигравање му асистираше на Херман Бертераме за израмнување на 1:1, а потоа изведе вистинска фудбалска магија. Аргентинецот предрибла тројца противнички дефанзивци и со фантастичен удар во далечниот агол постигна гол за целосен пресврт и триумф на тимот од Флорида.

Со овој погодок, Меси стигна до бројката од 937 голови во својата кариера, продолжувајќи ја трката со Кристијано Роналдо. Неговата статистика оваа сезона во дресот на Интер Мајами е просто неверојатна, на 35 одиграни натпревари постигна 30 голови и забележа 16 асистенции, потврдувајќи дека за него возраста е само обична бројка.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.