Кошарка Меѓународна кошарка

Магичната асистенција на Јокиќ за која зборува цела НБА! (ВИДЕО)

Никола Јокиќ уште на самиот почеток од НБА предсезоната потсети зошто важи за еден од најкреативните кошаркари на сите времиња, изведувајќи нов магичен потег на дуелот против Јута Џез.

Во првата четвртина од натпреварот, српскиот центар одлучи целосно да се посвети на разигрувањето на екипата, па за осум минути поминати на партерот не упати ниту еден шут кон кошот, но затоа подели дури пет асистенции. Посебно се издвои еден потег кој веднаш ги преплави социјалните мрежи и зазеде место во каталогот на неговите најдобри моменти.

Позициониран во левиот агол од теренот под строга патрола на Лаури Марканен, Јокиќ наместо очекуваниот дуел со грб, за дел од секундата ја скенираше поставеноста на одбраната и го забележа Кем Џонсон на спротивната страна. Со феноменално додавање зад грб, без воопшто да погледне, топката профучи покрај шокираните Марканен и Јусуф Нуркиќ во рекетот, слетувајќи директно во рацете на Џонсон, кој рутински погоди за три поени.

Оваа мајсторија е само уште една потврда за феноменалната кошаркарска интелигенција на Јокиќ, кој дури и на подготвителните натпревари успева да приреди вистински спектакл за сите љубители на кошарката.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.