Кошарка Македонска кошарка

Маџари приреди изненадување и го „сруши“ ТФТ по продолженија

Екипата на Маџари приреди вистинско изненадување на стартот од полуфиналниот плеј-оф во МТЕЛ Супер лигата, совладувајќи го ТФТ со 82:84 по дополнителни пет минути игра. Иако гостите имаа предност од 11 поени на само три минути пред крајот на регуларниот дел (62:73), ТФТ со неверојатна серија од 11:0 успеа да избори продолжение (73:73).

Драмата кулминираше во дополнителните минути, каде по неколку грешки на домашниот тим во клучните моменти, Маџари ја зачува смиреноста и дојде до голема победа. Најефикасен кај победникот беше Грин со 19 поени, во рамките на одличната тимска игра, додека на ТФТ не му помогна ниту извонредната партија на Говенс, кој постигна 28 поени.

Со овој триумф, Маџари прави голем чекор напред и го презема водството во серијата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести