Кошарка Македонска кошарка

Маџари го назначи Марјан Илиевски за нов тренер пред историската сезона

Кошаркарскиот клуб Маџари и официјално го потврди назначувањето на Марјан Илиевски за нов шеф на стручниот штаб за сезоната 2026/27. Искусниот македонски стратег ќе го предводи тимот во претстојните предизвици, меѓу кои се домашното првенство и историскиот дебитантски настап во АБА2 лигата. За Илиевски ова ќе биде посебен ангажман, бидејќи се враќа во клубот чиј развој помогна да започне како еден од неговите коосновачи и идејни творци. По долгогодишна и успешна тренерска кариера, повторно ќе биде дел од проектот што го создаваше уште од самите почетоци.

Поранешниот селектор на македонската сениорска репрезентација важи за едно од најпрепознатливите тренерски имиња во домашната кошарка. Во својата кариера има богато меѓународно искуство, освоени трофеи и голем број успешни проекти, а од Маџари веруваат дека токму неговото знаење и лидерски квалитети ќе бидат клучни во сезоната што претстои. Со назначувањето на Илиевски, клубот испраќа јасна порака дека има високи амбиции во пресрет на новата натпреварувачка година и настапот на регионалната сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.