Македонски фудбал Меѓународен фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Љупче Дориев продолжува да игра во одлична форма во Узбекистан! (ВИДЕО)

Љупче Дориев продолжува да игра во одлична форма во Узбекистан, откако денеска во победата на Согдиана над Машал Муборак со 3-0 запиша гол и асистенција. Македонскиот фудбалер најпрво во 33. минута му асистираше на Ивановиќ за голот за 2-0, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелци на стартот од второто полувреме. Дориев погоди во 52. минута за 3-0 и уште еднаш потврди дека се наоѓа во фантастична голгетерска форма.

За македонскиот офанзивец ова беше само продолжение на одличната сезона. По 20 одиграни кола, Дориев е најдобар стрелец во првенството со 14 постигнати голови, а има и пет асистенции. Сепак, и покрај неговата индивидуална форма, Согдиана моментално се наоѓа на десеттата позиција на табелата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.