Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Лукиќ по голот на Мундијалот: Исполнив животен сон, сега можам да…

Напаѓачот на Босна и Херцеговина, Јово Лукиќ, не ги крие емоциите по спектакуларниот дебитантски настап на Светското првенство. Фудбалерот на романскиот Клуж постигна гол во ремито против Канада (1:1), со што го донесе својот тим во водство и го оствари најголемиот личен сонов.

„Впечатоците сè уште не ми се слегнати, сè изгледа како сон. Мојата најголема желба беше само да заиграм на Мундијал, а сега и постигнав гол за мојата земја. Што се однесува до мене, утре можам да умрам“, искрен беше Лукиќ пред новинарите во Солт Лејк Сити.

Покрај голот, поранешниот шпиц на Борац Бања Лука влезе и во историјата на светските првенства. Тој стана првиот фудбалер кој добил дури девет воздушни дуели на еден натпревар, без притоа да изгуби ниту еден.

Иако неговата сопруга на шега му вели дека деновиве „излегува и од фрижидер“, Лукиќ останува цврсто на земја и е максимално фокусиран на следниот предизвик, клучниот дуел против Швајцарија.

„Мораме да влеземе максимално сериозно ако сакаме добар резултат. Швајцарците ремизираа со Катар, но знаеме дека се квалитетен тим. Сепак, и ние имаме свои адути и ќе дадеме сè за победа“, порача новиот мундијалски херој на БиХ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.