Меѓународен фудбал Фудбал

Лукаку пред трансфер во Фенербахче, Наполи договори 8 милиони евра!

Ромелу Лукаку е на чекор до преселба во Фенербахче, откако турскиот клуб и Наполи постигнаа договор за трансферот на белгискиот напаѓач. Според последните информации, Фенербахче ќе плати 6 милиони евра, а дополнителни 2 милиони евра се предвидени преку бонуси. Лукаку, пак, би требало да потпише двегодишен договор со турскиот гигант и да заработува околу 10 милиони евра по сезона.

Медицинските прегледи веќе се завршени, а се очекува напаѓачот наскоро да пристигне во Истанбул за да го стави потписот на договорот. Во моментов останува да се договорат последните детали, меѓу кои и динамиката на исплатата. Лукаку беше еден од клучните играчи на Наполи при освојувањето на четвртата шампионска титула во историјата на клубот. Во сезоната во која „партенопеите“ го освоија Скудетото под водство на Антонио Конте, Белгиецот постигна 14 гола во првенството.

Сепак, минатата сезона неговиот придонес беше ограничен поради сериозна мускулна повреда, поради која одигра само седум натпревари и постигна еден гол. Со заминувањето на Лукаку, Наполи продолжува со реконструкцијата на напаѓачката линија и ослободувањето на простор во ростерот за нови засилувања.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.