Кошарка Меѓународна кошарка

Лука се повреди, кошмарна ноќ за Лејкерс против Оклахома

Вечерва се одигра натпреварот помеѓу Оклахома Сити и Лос Анџелес Лејкерс, натпревар кој според очекувањата требаше да биде двобој помеѓу двете екипи во најдобра форма, на врвот во западната конференција, како и двобој помеѓу двајца од најистакнатите кандидати за МВП наградата. Со доминантна претстава, шампионот Оклахома славеше убедлива победа со 43 поени разлика (139-96). Кај шампионот најефикасен беше Шеј со 28 поени, додека во екипата на Лејкерс, најефикасен беше Ривс кој постигна 15 поени.

Покрај тешкиот пораз, екипата од Лос Анџелес има и дополнителни грижи, Лука Дончиќ во текот на третата четвртина го напушти натпреварот поради повреда. Оваа повреда може да го оддалечи Лука од борбата за МВП наградата.

Со овој пораз екипата на Лејкерс останува на третата позиција, додека шампионот Оклахома останува на врвот на табелата, пред екипата на Сан Антонио, кој единствен може да ја загрози првата позиција на шампионот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести