Хрватската легенда која настапува за италијански Милан, Лука Модриќ беше успешно опериран и официјално за него сезоната во Серија А е завршена. Ова официјално го потврди и клубот во сооштение. До повредата на хрватскиот фудбалер дојде по еден жесток судар со главите на Локатели. Модриќ заработил фрактура на левата јаболчна коска, а по итната хирушка интервенција, перодот за опоравување од ваква повреда се предвидува на 6-8 недели.
Иако за него сезоната во Серија А, во која беше еден од најдобрите играчи на Милан, е завршена, првичните проценки се дека ќе стигне на време да се опорави за настап на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. За 40-годишниот Лука ова ќе биде последно Светско првенство.
Репрезентацијата на Хрватска се наоѓа во Групата Л , а за противници ги има репрезентациите на Англија, Гана и Панама.

