Лука Модриќ е блиску до одлука за крај на својата фудбалска кариера. Веста ја објави шпанскиот весник „Ас“, повикувајќи се на сигурни италијански извори. Искусниот хрватски фудбалер најверојатно ќе каже збогу по Мундијалот во Америка.
Неговата одлука експресно ја забрза катастрофата на Милан во домашното првенство. Имено, „росоњерите“ загубија од Каљари и дефинитивно останаа без пласман во Лигата на шампионите. Играњето во елитното натпреварување беше главниот услов на 40-годишниот Модриќ за да остане во Милано.
Во клубот веќе започна тотална реконструкција. Управата веднаш му врачи отказ на досегашниот тренер Масимилијано Алегри. Овој резултатски колапс и организациски хаос дополнително го разочараа хрватскиот капитен. Иако челниците на Милан го молат да остане уште една сезона, Модриќ веќе ги пакува куферите.
Конечната одлука ќе биде соопштена деновиве, пред неговото заминување со репрезентацијата. Хрватска својот прв меч на Светското првенство го игра на 17 јуни против Англија. Тоа многу лесно можат да бидат последните натпревари во неговата епска кариера.

