Настапот на Лука Дончиќ во клучната серија против Оклахома Сити Тандер е под голем знак прашалник, додека Словенецот се бори со сериозна повреда на тетивата од втор степен. Иако неговото закрепнување напредува и тој веќе почна да трча, медицинскиот тим сè уште му нема дадено „зелено светло“ за кошаркарски активности со целосен контакт.
Според проценките на спортските лекари, на Дончиќ му се потребни уште една до две недели пауза, што веројатно значи дека ќе го пропушти остатокот од серијата. Самиот Лука останува фокусиран на рехабилитацијата, но е внимателен со прогнозите.
„Правам сè што можам и секој ден го работам она што треба. Се чувствувам подобро секој ден, но лекарите првично предвидоа осум недели за закрепнување, па затоа одиме ден за ден“. – изјави Дончиќ.

