Кошарка Меѓународна кошарка

Лука Дончиќ: Во Лос Анџелес дојдов по она што го сакаат сите, шампионски прстен!

Лука Дончиќ јасно ја истакна неговата главна мисија во Лос Анџелес Лејкерс. Словенечкиот кошаркар упати директна и јасна порака до сите фанови на „езерџиите“, истакнувајќи дека неговата единствена цел во Калифорнија е донесување на нов шампионски прстен.

Во својот личен есеј насловен „Да се освои сè: За кошарката и припадноста“, кој е дел од новата официјална книга за историјата на култната НБА франшиза („Lakers: An Official History of the Purple & Gold“), 27-годишниот плејмејкер се осврна на својот неверојатен пат, од Словенија, преку Реал Мадрид и Далас Маверикс, сè до шокантниот трансфер во Лос Анџелес во февруари 2025 година.

„Не сум сигурен дека некогаш можев ни да замислам дека ќе завршам тука. Ова е прекрасно изненадување и чувството е неверојатно, но сега очајнички го посакувам тоа што го бара секој во Лејкерс, да освојам сè! Ова е град навикнат да победува на најголемата сцена и огромна чест е што ја имам можноста да напишам сопствени шампионски поглавја“, порачува Дончиќ во есејот.

Словенечкиот ас се присети и на приватниот разговор со сопственичката на франшизата, Џини Бас, која веднаш по неговото пристигнување му ја отворила вратата за градење сопствено наследство во клубот.

По еден од најнеочекуваните трејдови во историјата на НБА лигата, Дончиќ е комплетно фокусиран на претстојната сезона. Словенецот сака својата приказна во виолетово-златниот дрес да ја круниса со трофеј кој дефинитивно ќе го запечати неговото име меѓу најголемите легенди на гигантот од Лос Анџелес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.