Меѓународен фудбал Фудбал

Луис Хол сака трансфер во Манчестер Јунајтед, но Њукасл ја затвори вратата

Младиот лев бек на Њукасл, Луис Хол, ги известил клупските челници дека сака да ја промени средината и да премине во редовите на Манчестер Јунајтед. Поранешниот фудбалер на Челси ја гледа преселбата на „Олд Трафорд“ како идеален чекор напред во кариерата, но раководството на Њукасл засега категорично ја одбива секоја можност за негова продажба.

Тренерот Матијас Јајсле го гледа Хол како клучна алка, особено поради дефицитот на дефанзивните позиции во тимот. Дополнително, Њукасл нема никаква финансиска потреба да продава откако веќе инкасираше дури 265 милиони евра од заминувањата на Гордон, Гимараеш и Тонали. Сепак, самиот фудбалер е незадоволен бидејќи го пропушти Светското првенство со Англија и бара клуб каде што ќе има загарантирана минутажа.

Од друга страна, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, по секоја цена бара квалитетно решение на левата бековска позиција поради честите повреди и истекот на договорот на Лук Шо. Доколку Њукасл остане цврст во намерата да го задржи англискиот репрезентативец со кој има договор до 2029 година, „црвените ѓаволи“ ќе мора експресно да се насочат кон друга опција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.