Минималната разлика од само 0,064 секунди меѓу освојувачот на пол-позицијата Џорџ Расел и второпласираниот Луис Хамилтон ветува спектакуларна трка за Гран-при трката на Шпанија.
Расел изрази задоволство од болидот, но е свесен за заканата од зад грб:
„Влегов во квалификациите со чисти мисли и одлично е што сум прв, но Луис заврши огромна работа во финишот. Сигурен сум дека утре нè чека голема и тешка борба.“
Третиот на стартот, Кими Антонели, призна дека имал проблеми со балансот во брзиот круг, но се потпира на доброто темпо во долгите серии и ефектот на заветрина на стартниот правец.
Најмногу причини за оптимизам има Хамилтон, кој по очајниот трет тренинг направи комплетен пресврт:
„Заостанувавме половина секунда претпладнето, но тимот заврши фантастична работа. Честитки за Џорџ, но ние утре сме во перфектна позиција да се бориме за победа“, порача возачот на Ферари.
The starting grid for Sunday’s race 👀#F1 #BarcelonaGP pic.twitter.com/P9n9lUILRp
— Formula 1 (@F1) June 13, 2026

