Меѓународен фудбал Фудбал

Луис Енрике: Сакаме хет-трик во Лигата на шампионите

Пред утрешниот дуел од Суперкупот на Европа против Астон Вила, тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, ги истакна големите амбиции за претстојната сезона. Иако парижаните доминираа и го освојуваа елитното натпреварување во изминатите две години, шпанскиот стратег бара тимот да ја задржи гладта за победи, во што треба да помогнат и новите засилувања.

Енрике отворено призна дека неговата најголема желба е да го повтори историскиот подвиг на Зинедин Зидан и Реал Мадрид, да освои три последователни титули во Лигата на шампионите. За него, освоените трофеи се веќе минато и единствено важно е градењето на новиот победнички мотив.

„Имаме единствен предизвик, нешто речиси незабележано во историјата на европскиот фудбал: да се израмниме со Реал Мадрид со трета последователна титула. Тоа е сосема друго ниво и верувам дека во моментов нема екипа во Европа со поголем мотив од нас“, изјави Енрике, потврдувајќи ги високите стандарди што ги постави во клубот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.