Меѓународен фудбал Фудбал

Луис де ла Фуенте ќе ја предводи Шпанија до 2032 година!

Шпанската фудбалска федерација повлече очекуван потег и му ја довери комплетната иднина на националниот тим на трофејниот стратег Луис де ла Фуенте. Иако првичните најави беа дека новиот договор ќе трае до 2030 година, претседателот Рафаел Лузан инсистираше на уште подлабока соработка, па де ла Фуенте стави потпис на нов договор кој го обврзува да остане на клупата на „црвената фурија“ сè до завршувањето на ЕУРО 2032 година во Италија и Турција.

Со новиот потпис, трофејниот селектор доби и драстично покачување на примањата. Иако точните цифри се чуваат во строга тајност, од сојузот навестија дека со овој договор Де ла Фуенте дефинитивно влегува во друштвото на петте најплатени селектори на планетата. Пред него е голем проект и долгорочна мисија која ги опфаќа квалификациите и завршниците за ЕУРО 2028, Светското првенство 2030 и ЕУРО 2032, надополнети со дури три циклуси во Лигата на нации.

Довербата од челниците на шпанскиот фудбал е повеќе од заслужена кога ќе се погледнат неговите неверојатни бројки на клупата. На досегашните 50 натпревари како селектор на Шпанија, Де ла Фуенте запиша империјални 38 победи, 10 ремија и само два порази. Покрај тоа, тој веќе зад своето име го држи рекордниот низа од 38 натпревари без пораз, односно дури 39 официјални натпреварувачки средби без да го почувствува вкусот на поразот, запечатувајќи ја Шпанија како една од најдоминантните светски велесили.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.