Меѓународен фудбал Фудбал

Лудница во Шведска: 11 гола во второто полувреме, победнички погодок во 99. минута! (ВИДЕО)

Неверојатен фудбалски спектакл се одигра во Шведска, каде што АИК и Бромапојкарна приредија натпревар за паметење. На крајот, гостите славеа со 6-5 во дуел со дури 11 погодоци во второто полувреме и драматичен расплет во последните секунди. Вистинската голгетерска експлозија започна по паузата. Бромапојкарна прва ја затресе мрежата, а потоа целосно ја презеде контролата и во 70. минута имаше убедлива предност од 5-1. Се чинеше дека победникот е решен, но АИК не се предаде и започна неверојатен камбек.

Домашниот тим постигна три гола во последните 20 минути од регуларниот дел, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот. Кулминацијата се случи во 98. минута, кога АИК израмни на 5-5 и предизвика ерупција од радост на трибините. Сепак, славјето на домаќините траеше кратко. Само една минута подоцна, Бромапојкарна го постигна шестиот гол и ги освои трите бода во еден од најлудите натпревари во шведскиот фудбал.

АИК по неверојатниот пресврт остана со празни раце, додека гостите се радуваа на победа од 6-5 во дуел кој понуди голови, пресврти и драма до последниот свиреж.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.