Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Луда мундијалска битка: Меси на врвот на листата на стрелци, Мбапе и Халанд го следат во чекор!

Трката за најдобар стрелец на Светското првенство се вжештува до максимум, а главен на теренот во моментов е Лионел Меси. Иако пред Мундијалот важеше за прикриен фаворит, нереалните пет гола во првите два меча против Австрија и Алжир го лансираа незаменливиот Аргентинец на врвот на листата на стрелци. Неговите најголеми конкуренти, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, засега дишат во врат со по четири погодоци, но викендов останаа со празни раце, Французинот „постеше“ во победата над Норвешка, додека корпулентниот Норвежанец го преседе дуелот на клупата за резерви.

Меси веќе вечерва во Далас ќе има шанса дополнително да побегне на табелата на пресметката со Јордан, но селекторот Лионел Скалони реши да повлече рачна кочница и да не ризикува со својата прва ѕвезда. Бидејќи „гаучосите“ веќе суверено го обезбедија првото место во групата, Скалони најави дека Меси дефинитивно ќе го почне натпреварот од клупата за резерви и веројатно ќе добие ограничена минутажа во второто полувреме, со цел да ги одмори нозете за вистинските војни во елиминациската фаза.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.