Меѓународен фудбал Фудбал

Лоши вести за Јувентус, Јилдиз ќе паузира неколку месеци

Јувентус остана без Кенан Јилдиз на подолг период, откако беше потврдено дека турскиот репрезентативец ќе мора да направи операција поради скршеница на метатарзалната коска на левото стапало. Информацијата ја потврди директорот на клубот Џорџо Киелини, кој откри дека 21-годишниот напаѓач ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Јилдиз одигра 69 минути во првиот натпревар на Јувентус сезонава во Серија А, во кој „бјанконерите“ славеа со 1:0 на гостувањето кај Фросиноне. Сепак, повредата ќе го принуди да направи подолга пауза уште на почетокот од сезоната.

„Ситуацијата е јасна. Кенан ќе мора да биде опериран и ќе отсуствува неколку месеци. Ова не е повреда која ќе влијае на неговиот развој. Кога ќе се врати, ќе биде 100 отсто подготвен“, изјави Киелини.

Директорот на Јувентус истакна дека повредата е несреќен момент, но воедно може да отвори простор за други фудбалери да се наметнат во составот. Киелини воедно го посочи Интер како главен фаворит за освојување на титулата во Серија А, додавајќи дека Јувентус има уште многу работа пред себе за повторно да стане шампионски тим.

„Интер има предност во однос на сите останати. Ние гледаме само во себе и знаеме дека нè очекува многу работа“, додаде Киелини.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.