Меѓународен фудбал Фудбал

Лоши вести за Дортмунд, Константелиас го повреди коленото!

Борусија Дортмунд ја започна новата сезона во Бундеслигата со победа од 2-0 против Хамбургер, но триумфот остана во сенка поради повредата на Јанис Константелиас. Грчкиот офанзивен играч имаше одлично деби во дресот на „жолто-црните“. Константелиас го постигна вториот гол за Дортмунд непосредно пред крајот на првото полувреме, со што го круниса својот прв настап за германскиот тим.

Сепак, почетокот на второто полувреме донесе непријатна ситуација. 23-годишниот фудбалер падна на теренот и веднаш се фати за коленото, по што не можеше да продолжи и беше заменет. Повредата предизвика загриженост во таборот на Дортмунд, а тренерот Нико Ковач по натпреварот призна дека ситуацијата не изгледа оптимистички.

„Многу ме растажува тоа што му се случи на Константелиас. Мора да ја почекаме утрешната дијагноза, но според она што ми го кажа лекарот, не звучи добро“, изјави Ковач за „Скај“.

Константелиас така го имаше дебито од соништата, но радоста по првенецот брзо беше заменета со неизвесност. Повеќе детали за сериозноста на повредата се очекуваат по дополнителните лекарски прегледи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.