Меѓународен фудбал Фудбал

Лоренцо Пелегрини останува верен на Рома до 2027 година

Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Пелегрини ја продолжи соработката со Рома и стави потпис на нов договор кој го врзува за клубот до 2027 година, официјално потврдија од „Олимпико“.

Пелегрини го помина речиси целиот фудбалски пат во редовите на „волчицата“, каде што преку младинската академија стигна до првиот тим и досега има забележано преку 300 официјални настапи. Од раководството на клубот истакнаа дека неговата одлука со воодушевување да ја прифати понудата ја потврдува неговата целосна посветеност кон визијата и вредностите на Рома.

Изминатата сезона италијанскиот играч за врска одигра 33 натпревари во сите натпреварувања, запишувајќи ефект од седум голови и четири асистенции. Новата сезона во Серија А, Пелегрини и Рома ќе ја започнат на 24 август со домашниот дуел против Фиорентина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.