Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Ло Селсо разви транспарент кој предизвика бурни реакции!

Големото славење на аргентинските фудбалери по пласманот во финалето на Светското првенство доби неочекуван политички призвук.

По победата над Англија со 2:1 во полуфиналето, некои репрезентативци на теренот развија транспарент „Фолкландските Острови се аргентински“. Овој потег го привлече вниманието на јавноста и предизвика бројни реакции.

Дуелот меѓу Аргентина и Англија со години носи дополнителна симболика поради долготрајниот спор за суверенитетот над Фолкландските Острови. Овие острови Аргентина ги нарекува Малвински.

Спорот е посебно обележан со војната од 1982 година. Поради тоа, натпреварите меѓу овие две репрезентации често имаат значење кое ги надминува спортските рамки.

Неколку минути по завршувањето на мечот во Атланта, аргентинските репрезентативци развија бел транспарент со споменатата порака. Меѓу нив беа Џовани Ло Селсо и Лисандро Мартинез, кои се фотографираа за време на прославата.

Овој потег се случи и покрај тоа што селекторот Лионел Скалони се обиде да ги намали тензиите пред натпреварот. Тој тогаш порача дека натпреварот треба да се набљудува исклучиво низ спортска призма.

Поради историјата на односите меѓу двете земји, овој натпревар беше означен како настан со висок безбедносен ризик.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.