Мохамед Салах и официјално го напушти „Енфилд“, а раководството на Ливерпул веќе ја донесе клучната одлука за неговиот наследник. Како што пренесува британски „Телеграф“, прва и главна мета на „црвените“ за претстојното лето е 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде.
Младиот офанзивец моментално блеска во дресот на РБ Лајпциг, а германскиот клуб веќе постави јасна граница, нема преговори за сума помала од 100 милиони евра. На „Енфилд“ се убедени дека токму тој го има потребниот потенцијал за да влета во копачките на „Фараонот“.
Клучниот фактор во овој трансфер би можел да биде токму Јирген Клоп. Поранешниот менаџер на Ливерпул сега работи како глобален директор за спортски операции во мрежата на „Ред Бул“, па неговото влијание и одличните релации со двата клуба можат да бидат пресудни за реализација на зделката. Арне Слот веќе потврди дека купувањето на врвно десно крило е апсолутен приоритет за Ливерпул.

