Меѓународен фудбал Фудбал

Ливерпул постигна договор со Ираола!

Ливерпул води официјални преговори со поранешниот менаџер на Борнмут, Андони Ираола. Шпанскиот стручњак е прв избор за нов тренер на „црвените“. Тој треба да го наследи Арне Слот, кој беше сменет по интерната анализа на сезоната. Спортскиот директор Ричард Хјуз силно го поддржува неговото доаѓање на „Енфилд“. Хјуз го цени неговиот препознатлив стил со висок пресинг и со интензивна напаѓачка игра.

Управата на клубот бара тренер кој совршено ќе одговара на напаѓачката филозофија. Навивачите и фудбалерите, вклучувајќи го и Мохамед Салах, беа незадоволни од претпазливиот пристап на Слот. Тие посакуваат враќање на препознатливиот „хеви-метал“ фудбал на Јирген Клоп. Ираола ја изгради својата репутација во Борнмут, со кој избори пласман во Лигата на Европа. За шпанскиот менаџер ова би бил петти тренерски ангажман во неговата кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.