Меѓународен фудбал Фудбал

Ливерпул нуди 100 милиони за наследникот на Мохамед Салах!

По разочарувачката сезона и заминувањето на Мохамед Салах, Ливерпул тргна во целосна реконструкција под водство на Андони Ираола. „Црвените“ веќе го пронајдоа главниот кандидат за пополнување на празнината во нападот. Нивна примарна желба е францускиот репрезентативец Бредли Баркола од редовите на ПСЖ.

За 23-годишното крило има сериозен интерес и од Бајерн и Арсенал. Сепак, гигантот од „Енфилд“ во моментов го има главниот збор во преговорите. Парижаните бараат дури 100 милиони фунти за неговиот потпис. Баркола зад себе има одлична сезона со освоена Лига на шампиони и забележителни настапи на Мундијалот.

Ливерпул веќе доведе неколку нови имиња овој преоден рок и не планира да сопре. Со евентуалното доаѓање на Французинот, вкупната инвестиција на клубот ќе надмине 190 милиони фунти. Раководството испраќа јасна порака дека сака експресно враќање во трката за шампионската титула.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.