Меѓународен фудбал Фудбал

Ливерпул на гости кај шампионот, шпанско дерби за полуфинале

Вечерва ни следуваат преостанатите два натпревари од четвртфиналната фаза од Лигата на шампиони. Две пресметки кои го привлекуваат вниманието на целиот фудбалски свет.

Во градот на светлината, ПСЖ ќе го пречека Ливерпул. Англискиот великан оваа сезона има доста проблеми, формата во која се наоѓаат играчите на Арне Слот е далеку од она што го очекуваат навивачите, битката за Премиер лигата одамна ја загубија, а изминатиот викенд беа понижени во ФА купот од Манчестер Сити со 4:0. Лигата на шампиони е единственото натпреварување каде се уште имаат шанса за голем трофеј, но на патот им стои моќниот ПСЖ. Актуелниот европски шампион, предводен од Луис Енрике, игра во одлична форма и како се ближи крајот на сезоната, делува дека само го подигнуваат се повеќе своето ниво. Во француското првенство тие се на лидерската позиција, а во осминафиналето го прегазија Челзи со вкупни 8:2. Одбраната на црвените, која сезонава делува доста порозна и доста често знае да затаи, вечерва ќе биде ставена на сериозен тест, затоа што против себе ќе го има еден од најубоитите напади во Европа. Кај ПСЖ поради повреда ќе недостасуваат Баркола и Руиз, а во редовите на Ливерпул ќе отсуствува Алисон на голот.

Овие два тима се сретнаа и минатата сезона во нокаут фазата на Лигата на шампиони, а поуспешен беше францускиот тим по изведувањето пенали.

На ,,Камп Ноу” ќе гледаме шпанска пресметка. Барселона ќе го пречека Атлетико Мадрид. Овие два тима веќе се сретнаа четири пати оваа сезона, а каталонците беа поуспешни во три. Оној еден натпревар во кој поуспешен беше екипата на Симеоне, беше дел од двомечот во шпанскиот куп, каде во првиот натпревар Атлетико славеше со 4:0, а вториот меч заврши со победа од 3:0 на Барселона, што го однесе тимот од Мадрид во следната фаза. Нивниот последен натпревар се одигра викендов во Мадрид, а во него поуспешна беше Барселона и ги освои трите бодови. Моментално Барселона е лидер на табелата во шпанското првенство и има 7 бодови предност пред второпласираниот Реал Мадрид, додека Атлетико Мадрид се наоѓа на четвртата позиција и заостанува големи 18 бодови позади лидерот Барселона.

Во вчерашните натпревари, Баерн Минхен славеше на госити кај Реал Мадрид со 2:1, а Арсенал со минимални 1:0 беше подобар од Спортинг Лисабон, кој играше пред своите навивачи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести