Меѓународен фудбал Фудбал

Ливерпул му врачи отказ на Арне Слот!

Холандскиот стратег Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул. Одлуката за разделба е донесена по детална анализа на досегашните резултати и разговорите меѓу тренерот и раководството на клубот.

Челниците од „Енфилд“ веќе активно ја разгледуваат неговата алтернатива, а како најсериозен кандидат за испразнетото место се споменува Андони Ираола. Шпанскиот стручњак на клупата на Борнмут се стекна со репутација на еден од најталентираните менаџери во Премиер лигата.

Неговиот исклучително офанзивен стил на игра привлече сериозно внимание кај бројни клубови во самиот врв на европскиот фудбал. Седнувањето на жешкото столче во Ливерпул дефинитивно би претставувало најголем чекор во неговата досегашна професионална тренерска кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.