Меѓународен фудбал Фудбал

Ливерпул и Челзи ги поделија бодовите во дербито на колото

Ливерпул и Челзи одиграа возбудлив натпревар во рамките на 36. коло од Премиер лигата, кој иако заврши без победник (1:1), понуди одличен фудбал и два погодоци.

Натпреварот започна со фуриозен старт на домашните фудбалери. Уште во 6-та минута, Рајан Гравенберх ја „запали“ атмосферата на стадионот со вистински проектил од работ на шеснаесетникот, погодувајќи за водство на Ливерпул од 1:0. Овој ран гол му даде ветер во грб на домаќинот, но Челзи покажа карактер и полека успеа да го неутрализира притисокот.

Израмнувањето пристигна во 35-та минута преку уште еден магичен потег. Енцо Фернандез ја презеде одговорноста при еден слободен удар и со хируршка прецизност го совлада домашниот голман за 1:1, резултат со кој се замина на пауза.

Второто полувреме започна со драма пред голот на Ливерпул. Колд Палмер успеа да ја затресе мрежата во 49-та минута, но по интервенција на ВАР собата, голот беше поништен поради офсајд ситуација. До крајот на средбата и двата тима тргнаа по сите три бода, се редеа шанси на двете страни, но мрежите мируваа.

Ливерпул со овој бод останува на четвртата позиција, со 59 бодови, еден бод повеќе од Астон Вила, но и натпревар повеќе, додека Челзи конечно ја прекина црната серија од шест последоваделни порази во Премиер Лигата и со 49 бодови е на деветата позиција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести