Меѓународен фудбал Фудбал

Лион со пресврт до триумф над Ница, ВАР го спаси во финишот! (ВИДЕО)

Лион ја совлада Ница со 2:1 во последниот натпревар од седмото коло во француската Лига 1 и се искачи на првото место на табелата. Домаќините стигнаа до трите бода по драматична завршница, во која ВАР им помогна да ја зачуваат предноста и покрај тоа што играа со фудбалер помалку.

Ница прва зададе удар, откако Ваи погоди во 18. минута, но Лион брзо одговори. Шулц во 32. минута го израмни резултатот, а само четири минути подоцна Тесман направи целосен пресврт за водство од 2:1 пред паузата.

Работите се искомпликуваа за домаќините во 70. минута, кога Накамура доби директен црвен картон, само девет минути по влегувањето во игра. Лион беше принуден да се брани до крајот, а во третата минута од судиското продолжение Ваи повторно ја затресе мрежата и се чинеше дека Ница ќе се спаси од пораз.

Сепак, по интервенција на ВАР, погодокот беше поништен поради офсајд, па бодовите останаа во Лион. По седум одиграни кола, дури пет екипи имаат ист број бодови на врвот, а Лион е лидер благодарение на најдобрата гол-разлика. Така, тимот во одлично расположение ќе го дочека големото дерби против Пари Сен Жермен во следното коло.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.