Македонската женска тениска гордост, Лина Ѓорческа, на денешната ждрепка го доби својот противник во името на Аманда Анисимова од САД. Анисимова е шеста во светот, што значи нашата претставничка ќе има тешка задача на тревнатите терени во Лондон.
За Ѓорческа, но и воопшто за женскиот македонски тенис ќе биде прв настап на еден голем настан како Грен слем турнир. Анисимова е неколку години помладата од нашата репрезентативка, а во 2025 година играше финале на Вимблдон и УС Опен. Натпреварите започнуваат на 29 јуни.

