Европски првенства Македонски фудбал Меѓународен фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Лигата на нации ќе изгледа поинаку, УЕФА го менува форматот! (ФОТО)

УЕФА донесе одлука за промени во форматот на Лигата на нации, кои главно ќе стапат на сила од сезоната 2028/29, но дел од новите правила ќе важат уште од претстојното издание. Најголемата промена е намалувањето од четири на три лиги, со по 18 репрезентации во секоја, поделени во три групи. Секој тим ќе одигра по шест натпревари.

Ќе се менуваат и правилата за промоција и испаѓање. Од Лига А директно ќе испаѓаат само најслабите две репрезентации, додека останатите тимови кои ќе се најдат во зоната за испаѓање ќе имаат можност за опстанок преку бараж. Во Лига Б, пак, последнопласираните ќе играат плеј-оф за опстанок со второпласираните од Лига Ц. УЕФА размислува и за целосна промена на квалификациите за Европското и Светското првенство, која би се применувала по ЕП 2028. Наместо досегашните групи, квалификациите би биле поделени во две лиги.

Во првата би имало 36 репрезентации, распоредени во три групи, додека останатите селекции би биле во втората лига. Дел од најдобрите би обезбедувале директен пласман на завршните турнири, а за преостанатите места би се играле баражи. Во новиот систем би учествувале и домаќините на големите натпреварувања, кои преку пласманот во Лигата на нации би можеле да обезбедат подобра позиција во квалификацискиот процес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.