Меѓународен фудбал Фудбал

Филипе Луис седнува на клупата на Монако!

Познатиот спортски инсајдер Фабрицио Романо објави дека бразилскиот стратег Филипе Луис е нов шеф на стручниот штаб на Монако. Овој изненадувачки пресврт се случи комплетно зад кулисите, иако младиот тренер долго време се поврзуваше со премин во Германија.

Бразилецот веќе дал потврден одговор на понудата од кнежевството, каде што ќе потпише официјален договор до јуни 2028 година. Целата операција за неговиот експресен ангажман ја предводеше директорот Тијаго Скуро. Сериозен интерес за неговите услуги претходно покажа германскиот Баер Леверкузен, но и уште неколку други големи екипи.

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси имаше извонреден тренерски почеток на клупата на бразилскиот гигант Фламенго. Тој во серијата 2024/25 ги освои најважните трофеи, но од март годинава беше комплетно слободен на фудбалскиот пазар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.