Баер Леверкузен постигна договор со Олимпик Марсеј за трансферот на аргентинскиот репрезентативец Факундо Медина, кој наскоро и официјално ќе станат нов фудбалер на германскиот клуб. За услугите на 26-годишниот централен дефанзивец, Леверкузен ќе издвои 25 милиони евра, додека играчот по пристигнувањето ќе стави потпис на петгодишен договор.
Медина изминатите години се изгради во еден од најсигурните дефанзивци во француската Лига 1, а со своите одлични партии и борбеност во дресoт на Аргентина на неодамнешниот Мундијал привлече внимание кај повеќе европски клубови. Со неговиот ангажман, Баер добива значајно засилување и дополнителна стабилност во дефанзивната линија пред предизвиците во Бундес лигата и европските купови.

